All for Joomla All for Webmasters

alb

Валидноста  на лабараториските резултати во најголемдел зависи од  правилната подготовка на пациентот за  одредената анализа која треба да се изврши.
При тоа треба да се има во предвид дека врз лабараториските  резултатите  влијаат параметрите како што се :
•    Режим на исхрана во предходниот период
•    Индекс на телесна маса (BMI)
•    Возраст
•    Пол
•    Примена терапија
•    Бременост
•    Физичка активност
•    Одредени животни навики (консумирање на кафе, алкохол, цигари)

Начинот на подготовка зависи од видот на анализата која треба да се изработи
- Времето кога се зема примерокот за анализа е важно при испитување на оние параметри каде што има забележливи дневно-ноќни вариации ( како кортикостероиди, железо).
- За најголем број анализи, материјалот е препорачливо да се зема секогаш наутро, кога лицето е одморено*, на гладно т.е. 10 часови по последниот оброк или после 12-16 часови гладување при одредување на масти
*( поголемата физичка активност во текот на 24 часа пред земање на примерокот влијае на зголемување на вредноста на поедини ензими и други аналити како CK, LDH, AST, К, Mg, креатинин)
- Доколку пациентот прима некаков вид терапија која можеда влијае на резултатите (препарати на железо, витамини, хормонска терапија, антикоагулантна терапија, диуретици, аналгетици) се препорачува истите да ги конзумира по земање на примерокт на крв, урина.
Земањето на примерок за комплетна крвна слика (еритроцити, хемоглобин, леукоцити...) е можно во тек на целиот ден, а соодветен примерок е и венската и капиларната крв.
Примероците за одредување на ниво на туморски маркери, вируси и поголемиот дел на хормони исто така можат да се анализираат независно од времето на земање крв, но препорачливо е да не се консумира храна и течности, најмалку 2-3h пред тоа. За анализите пролактин, кортизол и ACTH неопходно е мирување од 20 минути пред венепункција.
Кај жените, фазата од менструалниот циклус или неделата од бременост влијае на резултатот и тогаш е неопходна консултација со докторот пред земање на примерокот за да се обезбеди правилен примерок.
Доколку сметате дека Ви се потребни  дополнителни упатства или сакате да дознаете дали е потребна претходна подготовка за                                                анализата која Ви е потребна ве молиме  контактирајте не 


- Глукоза толеранс тест - ОГТТ
o   При вршење на глукоза толеранс тестот т.н. ОГТТ - тестот на оптеретување со глукоза, на пациентот му се дава одредена количина на глукоза.
o    Самиот тест трае од 120 – 180 минути ( во зависност од протоколот кој го барал Вашиот лекар ).
o    При изведување на тестот пациентот мора да мирува , не смее да се пуши и  зема храна или било какви пијалоци, освен вода.
Предходна подготовка за тестот
o     Пациентот  10 -12 h пред овој тест и во текот на самото изведување не смее да се пуши и  зема храна или било какви пијалоци, освен вода.
o    3 дена пред изведба на тестот  треба да се придржува до вообичаената исхрана со внес на јаглени хидрати (не помалку од 150 – 200 грама дневно.)
o    Да се придржува до вообичаените физички активности но да избегнува поголеми  физички напори.
o    Би требало да се прекине со земање на поедини лекови кои влијаат на метаболизмот на глукоза ( пр. коритикостероиди  хормонски котрацептиви, никотинска киселина, хормони на штитната жлезда, нестероидни антиревматици.), но само во договор со лекарот, и доколку тоа не му штети на Вашето здравје.
o    Тестот не се изведува за време на менструалниот циклус кај жените.

УПАТСТВО  ЗА  ЗЕМАЊЕ МАТЕРИЈАЛ НА УРИНА    

•    За анализа е потребна утринска урина, собрана во стерилен сад
•    Пред самото собирање на урината во соодветниот сад потребно е рацете и гениталиите да бидат чисти
•    Првиот млаз од урината се остава да истече во тоалетот и без прекин во мокрењето, средниот млаз се собира во стерилниот сад* за анализа.
•    Со капачето (да се внимава да биде чисто), се затвара добро садот и се доставува во лабораторија
*Стерилни садови можете да добиете во нашата лабараторија


Упатство за земање на 24 часовна урина

slika2

For the following tests:

adrenaline;
dopamine;
noradrenalin;
vanillylmandelic acid;
metanefrine
Пред да се почне сосамото собирање на урината во садот во кој ќе се собира урината потребно е да се додаде 30 мл 6N хлороводородна киселина .6N хлороводородна киселина може да се набави во аптеките.

Наутро пациентот уринира но не ја собира оваа урина.
Сите други порции од урината мора да се соберат и чуваат во еден сад на температура од +2 до +8°C.
Следното утро пациентот уринира и ја додава оваа урина во истиот сад со преостанатите порции урина собрани од претходниот ден.
24 часовната урина треба да се извага и да се запише нејзината литража.
Потоа урината во садот трба да се измеша , и да се претури од нејзиното количество во помал сад од 200 мл
На садот пациентот треба да го запише своето име презиме и да означи дека тоа е 24 часовноколичество урина и да се донесе во нашата лабараторија .


УПАТСТВО  ЗА  ЗЕМАЊЕ МАТЕРИЈАЛ НА УРИНО КУЛТУРА
o    Подготовката за давање на урина за уринокултура е особено значајна. Потребно е миење на надворешните гениталии со млака вода и сапун. Потоа кожата да се исуши, без мачкање на било какви креми. Особено внимание треба да се обрати кај децата да се врати кожата на препуциумот и потоа да се измие. Бидејќи првиот млаз на урина практично ги одмива бактериите од кожата и бактериската флора од уретрата, во стерилен сад се зема исклучиво средниот млаз, при што е доволно чашата да се наполни до една третина од нејзиниот волумен. Кога е можно, примерокот на урина треба да се зема наутро, така што пациентот во текот на ноќта не уринира пред да ја даде урината или во било кој период од денот најмалку 3 часа од последното уринирање. Со оглед на тоа дека урината е добра хранлива подлога за развој на бактерии, треба што побрзо да се достави во лабораторијата или да се чува во фрижидер на температура од 4 до 8 0C  додека да се однесе во лабораторија. За испитување на присуство на хламидија, микоплазма или уреаплазма во урината потребно е да се даде првиот млаз ( прв утрински млаз ) кој обично ги собира епителните клетки на уретрата во кои се наоѓаат овие микроорганизми.

o    Брис од нос треба да се зема пред примена на антибиотска терапија и барем 3 – 4 часа од последното испирање ( издувување ) на носот.
o    При земањето брис од грло и нос кај деца, родителите треба да го држат детето во крило, едната рака да се стави преку двете негови раце, а другата рака да му ја стават на чело и така да се придржува главата додека стручното лице му зема брисеви.


Собирање на сперма за клинички и микробиолошки испитувања

Доколку материјалот на сперма го собирате  во Вашиот дом.
Примерокот треба да се достави до Д.Л.Б.М во Чаирчанка ул. Цветан Димов бр.33 или Д.Л.Б.М  со локација во Топанско Поле ул. Благое Паров бр.44А. Скопје, по еден час од собирање на примерокот кој мора да биде чуван на температура од 20 до 40 0C
1 Пред собирање на примерокот за клиничко испитување,пациентот треба да се воздржи од сексуалните активности во период од 3 дена
2 Пред собирање на примерокот препорачливо е да се уринира и потоа да се исплакнат гениталиите,со што се спречува мешање на бактериите од другите органи со оние на спермата
3 Спермата треба дабиде собрана со процес на местурбација никако во кондом.
4 Спермата треба да биде собрана во стерилен сад кој може да го набавите во нашите лабаратории или од аптека .